Банките ќе можат да понудат промена на договорните услови за кредитите

Мерката за одложено плаќање на кредитите беше најавена пред една недела кога владиниот економски тим го објави првиот сет мерки за поддршка на стопанството во услови на намален и стопиран обем на работа поради коронакризата, а граѓаните и фирмите очекуваат конкретни насоки како и што ќе значи оваа мерка.

689

Промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците предвидува Уредбата со законска сила што ја донесе Владата вчера, откако претходно за таа намена Советот на Народната банка ги донесе потребните регулаторни измени.

– Со уредбата се утврдува како во текот на вонредната состојба да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите кои заради коронакризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците, информираше владината прес-служба.






На  Уредбата работеа Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација.

Мерката за одложено плаќање на кредитите беше најавена пред една недела кога владиниот економски тим го објави првиот сет мерки за поддршка на стопанството во услови на намален и стопиран обем на работа поради коронакризата, а граѓаните и фирмите очекуваат конкретни насоки како и што ќе значи оваа мерка.

Со регулаторните измени што ги донесе Советот на Народната банка, како што изјави неодамна гувернерката Анита Бежоска Ангеловска, банките и штедилниците ќе можат на повеќе начини да им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите погодени од коронакризата. Конкретно, со одложување односно грејс-период за отплата на кредитите, пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период, пониска каматна стапка или одобрување нов поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот итн.

Олеснувањата ќе се однесуваат на потрошувачки, станбени, автомобилски кредити,  кредитни картички, одобрен минус, како и кредити на фирмите.

Се овозможува навремена поповолна промена на кредитните услови за кредитите да не станат нефункционални. До крајот на септември секое доцнење до 150 дена нема да се смета за нефункционален кредит.

 

Поврзани содржини