Педро конечно призна: Си заминувам од Челси!
Да, мојот договор истекува и ќе го напуштам Челси, но сега ова не е најважно затоа што не знаеме ниту кога ќе можеме да тренираме повторно, рече Педро.
Крилниот напаѓач на Челси, Педро Родригез, потврди дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. 32-годишниот Шпанец нема да брза да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата се додека не помине епидемијата од коронавирус.
– Да, мојот договор истекува и ќе го напуштам Челси, но сега ова не е најважно затоа што не знаеме ниту кога ќе можеме да тренираме повторно. Најважно во моментот е сите да покажеме солидарност – изјави Педро за „Кадена Сер”.
Тој потоа ја прокоментира тешката ситуација во Шпанија, која е една од најпогодените земји од вирусот.
– Многу ми е жал за вестите што доаѓаат од Шпанија. Уште еднаш, би сакал да им се заблагодарам на сите здравствени работници, полицајци и луѓето кои работат во продавниците – благодарам за сето она што го правите. Се надевам дека наскоро ќе го сопреме овој вирус – изјави поранешниот фудбалер на Барселона.