Корона на тркалото на глобализацијата во рикверц
Глобалната пандемија веќе доби драматични и историски ефекти. Песимистичките анализи укажуваат дека ситуацијата може да биде сигнификатно полоша, отколку што може да се извлечат извесни заклучоци од официјалните прогнози, не само кога станува збор за ширењето на заразата, туку и за реалната економија, вклучувајќи ја вработеноста, патувањата, извозот и инвестициите.
Затворањето на границите и подигањето ѕидови ширум светот би можело да се сфати како развој од соништата на антиглобалистите. Но корона-кризата покажува дека она што во меѓународни рамки моментно е најпотребно, е повеќе соработка, не помалку.
Глобалната пандемија веќе доби драматични и историски ефекти. Песимистичките анализи укажуваат дека ситуацијата може да биде сигнификатно полоша, отколку што може да се извлечат извесни заклучоци од официјалните прогнози, не само кога станува збор за ширењето на заразата, туку и за реалната економија, вклучувајќи ја вработеноста, патувањата, извозот и инвестициите.
Токму затоа, во бројните апели деновиве, како што се констатира и во дебатен напис потпшишан од дваесетина истакнати шведски стопанственици и бизнис лидери, мора да се засилат заложбите за гарантирање на билатералните и мултилатералните договори. Посебно слободните движења на пазарот на ЕУ мора да се бранат со силно лидерство.
Денешната ситуација може да се влоши поради повторното затворање на границите на начин што додега не бил забележан во мирновременски услови. Без непречени транспорти на стопки и солободно движење на луѓе, престанува функционирањето на синџирите за испорачување.
Шведска и понатаму е една од ЕУ-членките што сѐ уште ги нема затворено свите граници поради ширењето на вирусот. Владата, како што препорачува врвот на шведското стопанство, мора да издржи против силните притисоци Шведска да ја следи истата линија која сега парализира големи делови од Европа. „Токму сега ЕУ е навистина потребна“.
Корона епидемијата предизвика моќен бран на конспирациски теории и дезинформации. Почнувајќи од обичните „антиглобалисти“, блогери кои сметаат дека корона е само обичен блеф за да им се овозможи на богатите уште повеќе да се збогатат, до антимигрантските твитерџии и рапери кои ги предупредуваат „обичните луѓе“ дека целта со вирусната хистерија е да се заборават вистинските проблеми, како, на пример, да се „запре прелевањето на милионите бегалци од Турција“.
Но во реалноста, – иако многумина би сакале да видат некаква решителна светска влада, или пак да се уверат во постоење на некаква невидлива рака што управува со судбината на светот, – моментно оигледно нема јасни показатели што укажуваат на функционирање на меѓународна координација која би можела да го запре или успори раскинувањето на врските меѓу земјите во светот.
Но и многу нешта јасно зборуваат дека промените во однесувањето на луѓето поради корона-кризата не се израз на паника, туку се пред сѐ рационални. Институциите веројатно не ќе можат да направат посебни напори за да ги придобијат луѓето да се вратат кон нормално конзумирање – пред да постои лек против вирусот.
Дотогаш многумина врз основа на оправдани страхувања и причини ќе останат дома, но како што се предупредува од разни места во глобални рамки, ефектите во однос на економијата на најширок план во општетството ќе бидат драматични.
Дали корона-хистеријата може имора да се запре пред сериозно да ги разниша темелите на општеството. Мерено во загуба на човечки животи, ширењето на заразата Ковид-19 не може да се потецни. Сепак, ако се имаат предвид статистичките податоци на Светската здравствена организација, СЗО, во 2017 година највообичаениот причинител на смртта на луѓето биле кардио-вискуларните заболувања (17,8 милиони). Војните и конфликтите биле рангирани на 26-тото место како причинител на смртта со „само“ 129.720 мртви, додека природните катастрофи, кои обично предизвикуваат голем медиумски публицитет и енормни хуманитарни акции, усмртиле 9.603 луѓе. Зошто тогаш толкаво внимание околу таквите бројки? Дали станува збор за исти механизми кои сега ја засилуваат корона-паниката?
Без оглед дали се веќе отворени или допрва ќе се отвораат остро поставени прашања, дилемите не ќе можат лесно да бидат отфрлени поради мерките кои стануваат сè подрастични во интензивирањето на борбата против ширењето на вирусот. Прашањето кое веројатно останува да виси во воздухот, или вакуумот што се шири поради гушењето на функциите на секојдневниот живот, е дали борбата против вирусната зараза и болеста е морално исправен пат да се продолжи по него, иако води кон уште поголеми човечки страдања во форма на уништена економија, сиромаштија и руниринаи човечки соништа, отколку што тоа го прави самата епидемија.
Можеби тркалото на глобализацијата навистина почнало да се врти наназад. Поттурнато и од Трамповата заложба „Америка пред сè”, и видливиот неуспех на Вашингтон и ЕУ да застанат на чело на меѓународната борба против корона вирусот, а што отвора простор за Кина, и делумно за Русија, во промените и поместувањата на глобалната светска политичка сцена, и глобалното лидерство во борбата против панедмијата.
Стравот, наспроти предизвиците и смелоста да се држи општсетвото отворено, ќе остане дискутабилно прашање за иднината на светот кој засилено се менува, и ќе продолжи да се менува – и по запирањето на пандемијата.