Инфектолозите тврдат: Заштитните маски носете ги само три часа!

Здравите лица, без симптоми на инфекција, не треба да носат маски на отворено.

2,849

Заштитната маска може да се носи најмногу три часа, бидејќи потоа станува влажна и со самото тоа е заразна и неефикасна, тврди словенечкиот доктор Андреј Трампуж кој е еден од најпознатите европски инфектолози.

Истото мислење го дели и д-р Предраг Кон, епидемиолог и член на експертскиот тим во борба против коронавирусот.






– Маските треба да ги носат оние кои имаат респираторни проблеми, без разлика на тоа дали тие се поврзани со Ковид-19 или со некоие друго заболување. Здравите лица, без симптоми на инфекција, не треба да носат маски на отворено. Се препорачува само кога влегувате во затворени простории, но само до три часа – истакнал Кон.

Поврзани содржини