Филипче: Ова се хероите кои работат деноноќно на тестовите за корона

644
Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период.

Ова го напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот профил на Фејсбук денеска.

Во земјава до утрово се регистрирани 67 лица заразени со вирусот ковид 19.

Поврзани содржини