Хари стравува за баба му и татко му, Меган ги издиктира овие правила
Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) се во изолација во Канада. Меган им се доверила на пријателите дека Хари бил загрижен затоа што кралицата Елизабета (93) и принцот Чарлс (71) се изложени на ризик да бидат заразени со коронавирус, пренесува „Дејли мејл“.
– Тие се благодарни што успеаја да поминат заедно извесно време пред да почне ова лудило. Хари разговарал со своите баба и татко. Тој им рекол да се чуваат и да преземат дополнителни мерки на претпазливост – изјави близок пријател на двојката.
Меган преземала мерки за да го заштити своето семејство. Таа бара од сите што се во нивниот тим, односно од луѓето што купуваат намирници и вршат нарачки, во секој момент да носат ракавици од латекс и дека мора да го почитуваат строгиот хигиенски протокол.
– Само неколкумина ќе може да комуницираат со неа, со Хари и со Арчи. И тоа го сведе на минимум – рекол изворот.
Но, без оглед на целата ситуација, Меган и Хари соработуваат со експерти за да се договорат како најдобро да ѝ служат на јавноста додека се во самоизолација. Тие сметаат дека пандемијата е криза на менталното здравје и се чувствуваат принудени да помогнат.
– Меган рече дека ако се изолирани, тоа не значи дека не можат да помогнат. Не можат само да седат дома и да не прават ништо. Таа рече дека со непрофитните организации ќе создадат некаков мрежен систем на поддршка за најзагрозените, како мајките што страдаат од постпородилна депресија – додал изворот.