„Виртуелна посета“ на германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот на земјава
Работната посетата првично беше планирана да се оствари на вообичаен начин, а во контекст на очекувањата и изгледите за добивање на одлука за почеток на ЕУ пристапните преговори.
За утре предвидена е „виртуелна работна посета“ на државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот на Република Северна Македонија и негова средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Работната посетата првично беше планирана да се оствари на вообичаен начин, а во контекст на очекувањата и изгледите за добивање на одлука за почеток на ЕУ пристапните преговори.
Со оглед на глобалните состојби поврзани со пандемијата на COVID-19, предвидено e истата да се реализира на дигитален начин, односно со воспоставување на видео-конференциска врска, што претставува уште еден знак на силната германска поддршка и пријателство.
Притоа, во фокус на разговорот се очекува да бидат, покрај начините за справување со предизвиците наметнати од пандемијата, размена на информации за последниот статус на дискусиите и подготовката на заклучоците за процесот на проширување на ЕУ во пресрет на Советот на ЕУ за општи работи, засега предвиден за 24 март.