Филипче: Спремаме масовен скрининг, но не на целото население

1,807

Спремаме масовен скрининг, но тоа не значи дека цело население ќе биде скенирано, рече министерот Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес конференција во Владата.

– Тоа значи да ги уловиме некако групите на луѓе кои во моментов може се во фаза на инкубација а за тоа можеби не се свесни. Тоа се прави врз основа на проверка на нивните комуникации во изминатите денови. Тоа веќе се прави, епидемиолозите го работат тоа – рече Филипче.

 

 

Поврзани содржини