САД забранија летови и од Велика Британија и Ирска

Во моментов во САД има повеќе од 2.100 потврдени случаи на коронавирус, додека починати се 50 лица.

447

Забраната за летови од континетална Европа во САД, в понеделник се надополнува со Велика Британија и Ирска, изјави потпретседателот Мајк Пенс на денешниот брифинг во Белата куќа по повод состојбите со ширењето на коронавирусот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави во средата забрана за летови од 26 држави во Европа, членки на Шенген зоната.






– Во обид да се спречи таква епидемија како во Ебропа, кон оваа забрана од понеделник се приклучуваат и Велика Британија и Ирска – изјави Пенс.

Во моментов во САД има повеќе од 2.100 потврдени случаи на коронавирус, додека починати се 50 лица.

Стејт департментот вчера го повика кинескиот амбасадор во Вашингтон да му врачи протестна нота по коментари од кинески дипломат дека американската војска можеби го донела вирусот во Кина.

Поврзани содржини