Пензионерите на бања ќе одат подоцна, првиот термин се одлага

Корисниците дополнително ќе бидат известени од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.

268

Реализацијата и спроведувањето на првата група корисници од Проектот бањско – климатска рекреација за 2020 година, ќе се одложи согласно Заклучок од седница на Владата на Република Северна Македонија, соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

„За корисниците на услугата што се рангирани во првиот термин, односно од 22.03.2020 година до 28.03.2020 година, нема да се реализира услугата во одредениот термин поради мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата“ се вели во соопштението.






Ксако што е соопштено, за новите термини корисниците  дополнително ќе бидат известени од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување..

Оттами апелираат странките да ја користат апликацијата за on line поднесување барање заради заштита на нивното здравје.

Поврзани содржини