Хелсиншкиот комитет: Граѓаните телефонски ќе добиваат правна помош

388

Поради превенција од ширењето на вирусот Ковид -19, согласно насоките дадени од страна на Министерството за здравство, Хелсиншкиот комитет информираат дека бесплатна правна помош граѓаните ќе можат да добиваат на следниве  телефонски броеви: 02 3119 073 и 072 278 436, како и по електронската пошта на адресата: [email protected].

– Граѓаните со итни и неодложни правни проблеми, по предходна телефонска консултација со правниот тим, ќе можат лично да се обратат во канцелариите на Хелсиншкиот комитет. Да се однесуваме одговорно, бидејќи јавното здравје е заедничка одговорност, се посочува во соопштението од Хелсиншки комитет.

Поврзани содржини