Јанева ќе се брани со „Империја“ и со поранешни обвинители од СЈО

Дел од рочиштата на кои ќе биде презентиран доказен материјал од предмети во истрага на СЈО како што е „Империја“, ќе бидат затворени за новинарите.

417

Обвинителите од поранешното СЈО Ленче Ристовска, Фатиме Фетаи, Трајче Пеливанов, Гаврил Бубевски се меѓу првите сведоци на одбраната на Катица Јанева, која на утрешното рочиште ќе почне со прикажување материјални докази.

Дел од рочиштата на кои ќе биде презентиран доказен материјал од предмети во истрага на СЈО како што е „Империја“, ќе бидат затворени за новинарите. Тоа го побараа адвокатите на Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска.






Јанева има предложено вкупно 13 сведоци. Таа е обвинета за злоупотреба на службената положба во предметот „Рекет“.

Поврзани содржини