98 лица не го почитувале полицискиот час
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 140 лица потпишале изјави за самоизолација.
Вкупно 98 лица изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, додека 67 се приведени, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 140 лица потпишале изјави за самоизолација.
МВР информира дека при редовните полициски контроли кај лица во изолација и самоизолација не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.