94-годишен Италијанец повикал полиција на Божик оти немал со кој да наздрави, полицајците му ја исполниле желбата
Полицајците ја исполниле неговата желба и отишле во неговиот дом, а дедото ги пречекал и им кажал анегдоти од неговиот долг и интересен живот. Полицајците разговарале со него, наздравиле и му организирале видеоповик со некои негови роднини.
Фиоренцо Сфераца има 94 години и живее во Вергато, во близина на Болоња, Италија, а на овогодишниот Божик се јавил во полиција за да побара некој да дојде во неговиот дом и да наздрави со него затоа што не сакал да биде сам, пренесе „Euro Weekly News“.
Според италијанските медиуми, тој им рекол на полицајците дека е сам дома и ги замолил да дојдат во неговиот дом на 10 минути само за да наздрават.
– Сам сум дома. Ништо не ми е, само сакам да наздравам со некого на Божик. Ако има слободен полицаец, може ли да дојде на 10 минути? – рекол Сфераца.
Полицајците ја исполниле неговата желба и отишле во неговиот дом, а дедото ги пречекал и им кажал анегдоти од неговиот долг и интересен живот. Полицајците разговарале со него, наздравиле и му организирале видеоповик со некои негови роднини.
Следниот ден тие повторно го посетиле и му дале фотографија од нив заедно. Дедото рекол дека бил трогнат од однесувањето на полицајците.