92% ОД НАСЕЛЕНИЕТО КОРИСТИ ИНТЕРНЕТ Еве за што се користи

Во првото тримесечје, 79,1% од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот, а 60,3 % направиле онлајн нарачка или купопородажба во последните 12 месеци.

283

Во првото тримесечје од 2025 година, 92,1% од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, а 91,2% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, објави Државниот завод за статистика.

Во истото тримесечје, 79,1% од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот, а 60,3% направиле онлајн нарачка или купопородажба во последните 12 месеци.






При користењето на ИКТ во домаќинствата и од поединците, најголемо учество од 93,2% имаат телефонирањето преку интернет/видеoповиците (веб-камера; апликации – Skype, Facetime, Messenger, WhatsApp, Viber, Snapchat).

Пораки, пак, најмногу се испраќале преку Skype, Messenger, WhatsApp, Viber,  а  84,6% од граѓаните интернетот го користат за учеството во социјални мрежи (креирање кориснички профил, испраќање пораки или други прилози на Фејсбук, X итн.).

Најголем процент на користење на интернетот и неговите можности има кај младите од 15 до 24 години кои ги користат за брзи пораки, телефонирање и за социјалните мрежи.

Поврзани содржини