910 МИЛИОНИ ЕВРА ГРАЃАНИТЕ ПОТРОШИЈА НА НЕДВИЖНИНИ Што се купува најмногу?

Регистрирани се 19.093 продажби во вредност од 670 милиони евра, 3.712 купопродажби од инвеститор  од 226 милиони евра, 683 откупи од страна на државата со вредност од 6 милиони евра, како и 54 продажби на лицитација во вредност од 57 милиони евра. 

376

Лани се регистрирани 32.971 трансакција за продажба и закуп а недвижнини. Од нив 23.545 се за купопродажби на недвижности и 9.426 закупи на недвижен имот. Ова го покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини

Купопродажбите според овие податоци лани се намалени за 4% споредено со тие во 2022 година, а закупите се зголемени за 9%.






Вредноста на регистрираните купопродажби со недвижности во 2023 година изнесува 910 милиони евра.

Минатата година најмногу купопродажби се регистрирани во март, 2.464, а најмалку. 1.722 имало во април.

Регистрирани се 19.093 продажби во вредност од 670 милиони евра, 3.712 купопродажби од инвеститор  од 226 милиони евра, 683 откупи од страна на државата со вредност од 6 милиони евра, како и 54 продажби на лицитација во вредност од 57 милиони евра.

Според типот на недвижностите, лани биле направени купопродажби на 7.518 станови во вредност од 431 милион евра, 2.810 куќи во вредност од 148 милиони евра, 1005 деловни простории од 139 милиони евра. Исто така, регистрирани се 8.492 купопродажби на земјоделско земјиште со вредност од 77 милиони евра, 2.490 на градежно земјиште од 70 милиони евра, 78 во индустријата од 11 милиони евра, 708 гаражи со вредност од четири милиони евра…

Месечната закупнина за евидентираните 9.426 закупи во 2023 година била во вредност од 4,284 милиони евра.

Лани имало 3.011 закупи на станови, 1.417 закупи на куќи,  3.206 на државни парцели, 1.222 на земјоделско земјиште и шуми, 225 на градежно земјиште, 199 закупи на индустриски објекти, 50 закупи на гаражи…

Поврзани содржини