900.000 ЕВРА БИЛЕ САМО „РАМКОВНИ“ Од МНР велат дека нема да потрошат толку пари за изнајмување возила
Половина од потребните возила за Министерската конференција на ОБСЕ веќе се потврдени и ќе бидат обезбедени од институциите, што значи дека ни одблиску нема да се потроши планираниот буџет од Рамковниот договор. Предвидувањата се дека нема да се потроши ни половина средства од финансиската рамка - појаснуваат од МВР.
Од Министерството за надворешни работи демантираат дека ќе потрошат над 900.000 евра за изнајмување на возила за министерската Конференција на ОБСЕ што ќе се одржи во декември во Скопје, со појаснување дека таа сума била само „рамковна“.