Без оглед кој е на власт, во време на економска и енергетска криза, државата мора на сите да им дава пример за домаќинско работење и за штедење. Добро би било за тоа најголемите политички партии пред следните парламентарни избори да постигнат единство.
Еве неколку мои препораки со кои би се заштедиле многу пари, што би се искористиле за многу поважни работи од животно значење за граѓанките и граѓаните:
1. Бројот на пратеници во Собрание да се намали од 120 на 90.
2. Бројот на министерства да се намали на 14.
3. Да се укинат функциите министер без ресор и заменик министер
Можеби ќе ве интересира
4. Да се намали и ограничи бројот на советници на претседателот на Влада
5. Да се намали бројот на јавни претпријатија, агенции, дирекции, центри, фондови и слично
6. Да се оптимализира бројот на вработени во јавните институции на државно и на локално ниво, вклучувајќи ги и министерствата, општините и Град Скопје, според објективни критериуми и според бројот на жители
7. Да се замени пропорционалниот изборен модел за избор на пратеници и советници во општините и во Град Скопје со мнозински или со пропорционален со отворени листи, за да се зголеми интегритетот
8. Да се укинат непотребно основаните или дисперзирани факултети, само како една од мерките за да се зголеми квалитетот на обезвреднетото високо образование
9. Да се рационализира мрежата на основни и средни училишта за да се прилагоди на денешните услови и потреби
10. Субвенциите за земјоделците и сточарите да не се делат како социјална помош, туку да имаат развојна функција, затоа што е крајно нелогично, секоја година да се зголемуваат средствата за субвенции, а постојано да се намалува бројот на крупен и ситен добиток, живина, лозови насади, овоштарници, насади со житни и градинарски култури и да имаме голем одлив на девизи за увоз на месо, млеко, пченица и друго иако сме земјоделска земја.
(статус на Фејсбук на Аце Коцевски)