9 УАПСЕНИ ЗА УПАДОТ НА „КАЧУЛКИТЕ“ НА СРПСКА ФОЛКЛОРНА ПРИРЕДБА ВО СПЛИТ Меѓу уапсените е и шеф на огранок на ХДЗ

Сите приведени се пријавени за насилничко однесување, за што е предвидена казна до пет години затвор, а се товарат и за повреда на слободата на изразување на националната припадност – кривично дело за кое е пропишана казна до една година затвор.

542

Сплитската полиција приведе девет лица осомничени за инцидентот на Блатине, кога група екстремисти упадна на фолклорна приредба на Српското културно друштво „Просвјета“, јавува Далматински портал.
Меѓу приведените е и новоизбраниот претседател на месниот огранок на ХДЗ за тој кварт, Јаков Ќалета.
Тројца од осомничените веќе се во притвор, откако истражен судија им одредил еден месец притвор. Останатите шестмина се приведени денеска и испитани во Државното обвинителство, по што се очекува одлука на судијата за можен притвор.
Сите приведени се пријавени за насилничко однесување, за што е предвидена казна до пет години затвор, а се товарат и за повреда на слободата на изразување на националната припадност – кривично дело за кое е пропишана казна до една година затвор.

Во меѓувреме, навивачката група Торцида најави протест што ќе се одржи во сабота во 11 часот на сплитската Рива. Во подолга објава на социјалните мрежи тие ги повикаа граѓаните да им се придружат во, како што наведуваат, изразувањето на незадоволството од „лицемерството и линчот што овие денови се случуваат во јавниот и политичкиот простор“, а што, според нив, кулминирало со притворањето на хрватски бранители.






Да потсетиме, на 3 ноември во просториите на градската четврт Блатине во Сплит се случи инцидент за време на одбележувањето на Денот на српската култура, што го организираше Српското културно друштво „Просвјета“. Во просториите влегла група од околу педесет мажи облечени во црно, некои од нив со качулки, кои извикувале „За дом спремни“, и ги навредувале играорците, по што настанот беше прекинат и откажан.

НАПАДОТ ВРЗ СРПСКИТЕ ИГРАОРЦИ ВО СПЛИТ ГО ВОЗНЕМИРИ РЕГИОНОТ Србија бара меѓународна истрага, Хрватска уште трага по „качулките“

 

Поврзани содржини