9 ПОНУДИ ЗА РЕК БИТОЛА Јаглен ни нудат фирми од Косово, Турција, Албанија…
Понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудника, од фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција.
Девет компании се јавија на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК Битола за дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и за државните институции. Понудите ги исполнуваат бараните количини од 900.000 тони јаглен, соопшти Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
Понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудника, од фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција.
Следува техничка евалуација, односно проверка дали понудениот јаглен ги задоволува минимум техничките карактеристики, по што ќе се прави економско-финансиска евалуација на понудите.
Што се однесува до јагленот за ТЕЦ Осломеј од првиот повик за набавка, се очекува во понеделник да се официјализира изборот на понудувачот на 300.000 тони јаглен и да се потпише договор, по што веднаш ќе почне испораката со динамика предвидена во договорот.
АД ЕСМ наведува дека е во постојана комуникација со Владата на Северна Македонија и со ТЕЦ Неготино со цел стартување на термоелектраната.