9 ПОЧИНАТИ, 308 ЗАБОЛЕНИ Во земјава има вкупно 5.730 пациенти со ковид
Според епидемиолошките анализи во моментов, во Скопје има најмногу активни случаи и тоа 2.784.
Девет лица починаа, а 308 се новозаболени од вирсуот ковид-19 во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 2.643 тестирања, а регистрираните нови случаи со ковид-19 се во: Скопје – 155, Охрид – 26, Битола – 21, Струмица – 19, Куманово – 15, Штип – 10, Кавадарци – 8, Прилеп и Велес по 7, Тетово – 6, Кичево и Богданци по 5, Кочани, Гевгелија и Свети Николе по 4, Неготино и Ресен по 3, Виница – 2, Струга, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по 1.
Регистрирани сe 246 оздравени пациенти.
Тројца од починатите се од Скопје (64, 67 и 86) и по едно починато лице има од Кавадарци (80), Велес (92), Штип (68), Охрид (84) и Струмица (66). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Кавадарци (86) со датум на смрт 10.12.2021.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.408, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, а бројот на активни случаи изнесува 5.730.
Според епидемиолошките анализи во моментов, во Скопје има најмногу активни случаи и тоа 2.784.