9 најстрашни експерименти во историјата на човештвото: Менгеле сакал да гледа бебе како умира од глад, затвореници намерно биле заразувани со сифилис
Развојот на медицината често значи повеќе спасени живот, но, сепак, за да стигнат научниците до новите откритија, понекогаш забораваат на основните етички принципи.
Се чини дека некои научници во име на науката сметаат дека целта ги оправдува средствата. Во продолжение ви претставуваме 9 медицински експерименти кои во голема мера се косат не само со Хипократовата заклетва, туку и со некои други морални начела.
Три идентични странци
Во текот на 60-те и 70-те години од минатиот век, психолозите Петар Нојбауер и Вајол Бернард спровеле таен експеримент кој подразбирал одвојување на близнаци веднаш по нивното раѓање и исраќање на децата во различни семејства. Целта на експериментот бил да се одреди колку генетиката и воспитувањето можат да влијаат на формирањето карактер и личност. Експериментот бил финансиран од страна на Националниот институт за ментално здравје во САД, а жртвите биле тројцата браќа: Роберт Шафран, Еди Галанд и Дејвид Келман.
Тајниот експеримент излегол на виделина кога тројцата браќа сосема случајно се сретнале во 1980 година. Нивната физиономија била премногу слична и веднаш кај нив се развил сомнеж и се потврдил фактот дека се во крвно сродство. Сепак, наскоро биле откриени ужасните последици од нивното раздвојување. Сите тројца во одреден период од животот имале депресија и анксиозност. Интересно е тоа што кога почнале да зборуваат, постојано повторувале дека имаат браќа.
За нивната необична судбина е снимен и филмот „Три идентични странци“ кој неодамна премиерно беше прикажан. За жал, на премиерата присуствувале само Роберт и Дејвид.
Еди Галанд, после долга борба со депресијата, си го одзел животот на 33 годишна возраст, оставајќи зад себе сопруга и ќерка.
Медицинските експерименти на Менгеле
Некои од најозлогласените медицински експерименти на сите времиња биле спроведени во текот на Втората светска војна од страна на Џозеф Менгеле, доктор во логорот Аушвиц. Менгеле издвојувал близнаци и ги користел за експериментирање, а целта му била да ја докаже теоријата за расната супремација. Многу затвореници умреле за време на експериментот.
Покрај тоа што ги собирал очите од мртвите пациенти, Менгеле ги користел затворениците и за експерименти кои биле поврзани со заразни болести, со хемиско оружје и со авијација. Врз голем број логораши бил направен и експеримент за стерилизација. На една затвореничка со хируршки зафат ѝ биле отстранети дојките со цел докторите да утврдат како изгледа бебе кое умира од глад. Пациентката му вбризгала смртоносна доза морфиум на своето дете за да му ги скрати маките.
Некои од докторите кои ги спроведувале овие експерименти биле кривично гонети по Втората светска војна, а Менгеле побегнал во Бразил и во 1979 година починал од инфаркт.
Јапонска единица 731
Во текот на 30-те и 40-те години од минатиот век, царската војска на Јапонија водела биолошка војна и спроведувала медицински експерименти врз кинески цивили. Се проценува дека бројот на жртвите бил околу 200.000. Злочините вклучувале ширење колера преку бунар со вода, а исто така логорашите биле терани да маршираат во текот на зимата со цел да се одреди најдобрата терапија за смрзнатини.
Поранешните членови на оваа единица споделиле со медиумите дека логорашите биле затворани во гасни комори во кои бил пуштан отровен гас. Притисокот во коморите бил толку многу јак, па на логорашите им излегувале очите и физички им се распаѓале телата.
Монструмско истражување
Во 1939 година, група дефектолози кои работеле на Универзитетот во Ајова одлучиле да ја докажат теоријата дека пелтечењето е предизвикано од детскиот страв од јавен настап. Својата теорија сакале да ја докажат со експеримент чија цел била предизвикување пелтечење кај деца кои живееле во најблискиот дом за сираци.
Научниците седеле пред децата и ги терале да им покажат знаци на пелтечење, како и дека не треба да зборуваат ако не се сигурни дека ќе говорат правилно. Експериментот не предизвикал пелтечење, но некои од тие деца станале анксиозни, повлечени и тивки. Некои од децата кога пораснале го тужеле Универзитетот и добиле отштета од околу милион долари.
Продажба на лешеви
Единствените лешеви кои до 1830 година во Британија можеле да се користат за анатомско сецирање и истражување биле оние кои дошле како резултат на извршено убиство. Поради тоа што убиствата тогаш биле многу ретки, повеќе анатоми се сетиле да купуваат лешеви од крадците на гробови. Сопственикот на пансион во Единбург, Вилијам Бурк, и неговиот пријател, одлучиле да одат чекор понапред и да го развијат овој бизнис. Од 1827 до 1828 година овие двајца мажи удавиле десетици гости во пансионот и ги продавале нивните тела на Роберт Нокс. Бурк подоцна бил обесен поради своите злочини.
Хируршки експеримент врз робови
Таткото на модерната гинекологија, Џејмс Марион Симс, се стекнал со голема слава поради тоа што работел на експериментални хируршки зафати врз робинки. Тој сè уште се смета за контраверзна лчност и поради начинот на оперирање на своите робинки.
Тој изведувал хируршки зафати без анестезија поради тоа што анестезијата тогаш била новост, но и најмногу поради тоа што Симс верувал дека операциите не се доволно болни за да ја оправдаат потребата за анестезија.
Сифилис во Гватамала
Во периодот помеѓу 1946 и 1948 година, владите на САД и на Гватамала финансирале истражување кое вклучувало намерно ширење на сифилис помеѓу затворениците и ментално заболените лица во Гватамала. Целта на студијата било тестирањето на хемикалиите за спречување на ширењето на болеста. Истражувачите ги заразувале учесниците во експериментот со тоа што ги плаќале за да имаат сексуални односи со заразени проститутки, а на некои им правеле рана на кожата од пенисот врз која подоцна ставале бактерија сифилис.
Таскиги студија
Најголемиот етички пропуст во американската медицинска етика траел 40 години. Во текот на 1932 година, според Центарот за превенција и контрола на болестите, американскиот Завод за јавно здравје започнал истражување на ефектот на никакво лекување на болеста сифилис. На учесниците во експериментот им било кажано дека ќе примат лек против сифилис, но тоа не се случило.
Научниците всушност го следеле напредокот на оваа болест кај 399 Афроамериканци во Алабама. Во 1972 година, новинарски текст за овој експеримент ги натерал научниците да ги стопираат истражувањата.
Затворски експеримент
Во текот на 1971 година, Филим Зимбардо, сегашен професор по психологија на Универзитетот Стенфорд, одлучил да спроведе експеримент со кој ќе го тестира човечкото однесување, но ќе одговори и на прашањето „што се случува кога ги ставате добрите луѓе во лоша ситуација?“.
Експериментот бил концепиран како симулација на затвор и тој требало да трае де недели. Експериментот бил стопиран по шест дена поради тоа што било утврдено дека е лажен. Зимбардо им платил на студентите да глумат чувари и затвореници, а потоа ги терал да се однесуваат исклучиво по неговите упатства. Тој ги натерал „чуварите“ да се однесуваат многу строго кон „затворениците“ кои глумеле напади на бес и паника.