9 ЛИЦА ЈА ЗАГУБИЈА БИТКАТА СО БОЛЕСТА Најмладиот починат имаше 44 години

Направени се 6.651 тестирање, а регистрирани се 435 нови случаи на ковид-19, додека 534 лица се отпишани од статистиката како оздравени.

951
Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје испрати соопштение до јавноста, во врска со најновите бројки поврзани со ковид-кризата.





Направени се 6.651 тестирање, а регистрирани се 435 нови случаи на ковид-19, додека 534 лица се отпишани од статистиката како оздравени.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица:  2 починати лица од Скопје (60г  и 91г), и по едно починато лице од Кичево (76г),  Битола (69г), Македонски Брод (44г) и Дебар (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.  Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пријавени се 3 починати лица, 2 од Скопје (47г и 67г) и едно лице од Кичево (87г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во домашни а едно лице во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.604.163 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.484, бројот на оздравени пациенти е 212.380, на починати е 7.969, а бројот на активни случаи изнесува 5.135.
Поврзани содржини