9 ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ, 3 СЕ ПОД КОНТРОЛА Уште е активен пожарот во Врапчиште, гори ниска вегетација

Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума), Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар) и Општина Долнени: с. Долгаец и с. Стровија (мешана шума).

32

На територијата на државата денеска до 20:30 часот има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, три се под контрола и девет се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот кај село Добродол, во Општина Врапчиште, каде гори ниска вегетација.






Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума), Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар) и Општина Долнени: с. Долгаец и с. Стровија (мешана шума).

Изгаснати се пожарите во Општина Куманово: ул. Доне Божинов (ѓубриште); Општина Долнени: с. Алинци (депонија); Општина Прилеп: с. Лагово (ниска вегетација); Општина Струга: с. Делогожда (стрниште); Општина Врапчиште: с. Врапчиште (ниска вегетација); Општина Брвеница: с. Радиовце (ниска вегетација и мешана шума); Општина Гази Баба: позади КПД Идризово (ниска вегетација); Општина Охрид: с. Мешеишта (сува трева и стрниште) и Општина Тетово: с. Голема Речица (ниска вегетација и шума).

Поврзани содржини