88 ЕВРА ЗА ЕДНА ЧИНИЈА, 10 ЕВРА ЗА НОЖ Владата ја подновува кујната и ќе потроши над 37.000 евра

За приборот за јадење ќе бидат платени над 17.000 евра. Интересно е тоа што цената на само еден вид чинии за главно јадење изнесува 4.588 денари без ДДВ, или една чинија со ДДВ ќе ја чини над 5.400 денари или неверојатни 88 евра по чинија.

3,669

Службата за општи и заеднички работи ја подновувава владината кујна. Покрај бела техника, набавува и нов прибор за јадење, со највисок квалитет, порцелан, инокс и кристал, објавува порталот ММС.

Договорот вреден над 37.000 евра го добија три фирми – „Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“, сите од Скопје. Тие треба до владината сужба да достават висококвалитетна бела техника- софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна… Но, и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за владината кујна.






Така, чиниите во најразлични форми по 30 и 60 парчиња треба да бидат изработени од тврд поцелан со висок сјај кој е отпорен на гребење и да бидат бели со златна линија. Ножевите, вилушките и лажиците, пак, исто по 30 или 100 парчиња треба да бидат изработени од високоотпорен инокс. А чашите од по 30 парчиња треба да бидат кристални.

За приборот за јадење ќе бидат платени над 17.000 евра. Интересно е тоа што цената на само еден вид чинии за главно јадење изнесува 4.588 денари без ДДВ, или една чинија со ДДВ ќе ја чини над 5.400 денари или неверојатни 88 евра по чинија. Бидејќи се бараат 30 парчиња, само за нив ќе плати околу 2.650 евра. Останатите чинии чинат по околу 50 евра за парче, или од 1.144 денари тие за десерт, до над 3.700 денари парче за други за главно јадење. Еден нож од инокс за главно јадење чини 639 денари или 10,4 евра за парче.

Владата набавува по над 30 парчиња од различни ножеви, од ножеви за предјадење до главно јадење и десерт, а најевтините, тие за риба чинат 432 денари без ДДВ. Вилушките се нешто поевтини и чинат од 421 денар за парче или 6,8 евра до 553 денари или речиси 9 евра за вилушка. Лажиците се околу 400 денари без ДДВ за парче. А кристалните чаши, пак, една чини 343 денари или по 5,5 евра за парче.

Поврзани содржини