87,9 ОД ПОТРОШЕНАТА СТРУЈА Е ОД ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО Термоелектраните потрошиле 96,6 отсто од ископаниот јаглен
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 87,9 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија,
Во септември 2021 година се потрошени вкупно 528. 695 мегаватчасови електрична енергија, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците на Статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 87,9 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,61 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во септември во земјава се потрошени 37.226 милиони нормални метри кубни природен гас, 435. 707 тони јаглен и 92. 829 тони нафтени продукти.