КАМИОН СЕ ПРЕВРТЕ НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Двајца повредени, итната помош интервенирала

Товарно возило со косовски таблички излетало од патот кај клучката Приштина, повредените пренесени во „Мајка Тереза“.

126

Двајца мажи се повредени откако товарно возило излетало од патот и се превртело во канал на скопската обиколница, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Несреќата се случила утринава околу 06:20 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека камион „мерцедес“ со приколка и косовски регистарски ознаки излетал од коловозот на делницата околу еден километар пред клучката Приштина, на Скопска обиколница.

По несреќата, повредениот возач и неговиот сопатник биле пренесени со возило на Итната медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Од полицијата наведуваат дека се работи на утврдување на причините за сообраќајната незгода.

Поврзани содржини