81 земјотрес регистрирани ноќеска во близина на Курилските Острови

399

Серија земјотреси се регистрирани во близина на Курилските Острови во Тихи Океан.

Од два часот утрово според московско време регистирани се вкупно 81 земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала.






Силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени вчера е регистриран на Курилските Острови.

Поради земјотресите издадено е предупредување од појава на цунами во северниот дел на Курилски Острови и околу 400 локални жители се евакуирани.

Поврзани содржини
na