81-ГОДИШЕН MАЖ Е ВО КУЌЕН ПРИТВОР Силувал девојче во својот дом во Кисела Вода

1,922

Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, денеска го привеле И.П. (81) од Скопје поради основано сомнение дека на 21 септември околу 12.45 часот во скопската општина Кисела Вода во својот дом допирал малолетничка по интимните делови од телото.

„Од страна на ЕНК при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години”, предвидено и казниво по член 188 став 5 од КЗ. И.П. е изведен пред судија на претходна постапка и одредена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена“, се наведува во соопштението од МВР

Поврзани содржини