ТРАМП НАЈАВИ МАСОВНИ ОТПУШТАЊА Демократите виновни за хаосот во Америка, смета претседателот на САД

Федералните служби работат со ограничен капацитет, а Трамп најавува отпуштања и кратење трошоци поради блокадата на Конгресот.

264

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека федералните работници би можеле да се соочат со отпуштања, а дел од проектите да бидат намалени или укинати, доколку продолжи блокадата на федералната влада.

– Може да има отпуштања, а тоа е нивна вина – рече Трамп за телевизиската мрежа ОАН, алудирајќи на демократите во Конгресот кои не успеаја да постигнат договор за финансирање.






Тој додаде дека постои можност да се скратат „омилените проекти“ на опозицијата, со што би се намалиле трошоците во буџетот.

Федералната влада делумно е затворена од завчера, при што функционираат само основните служби. Трамп нагласи дека приходите од новите царини веќе почнуваат да пристигнуваат и би можеле да достигнат и до еден билион долари годишно.

Според него, дел од тие средства би се искористиле за отплата на националниот долг, кој, како што предупреди, може да порасне и до 38 билиони долари.

Поврзани содржини