800 ПРОЕКТИ ВО СЛЕДНИОТ МАНДАТ Димитриевски вети европско Куманово

296

Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и актуелен градоначалник Максим Димитриевски вечерва беше на средби со граѓаните од населбата Средорек и локалитет Прмакови ниви.

Во Средок, Димитриевски беше пречекан од голем број на граѓани кои му ја дадоа поддршката за победа на локалните избори.






Жителите му рекоа дека не заборавиле дека во негов мандат се асфалтираше целата населба и се реконструираше фекалната канализација.

На средбата на локалитет Прмакови ниви, Димитриевски и жителите заеднички разговараа за потребите на граѓаните и ја презентираа изборната програма која има за цел да го подобри животот на граѓаните во Куманово.

– Во следниот мандат ќе бидат реализирани над 800 проекти од инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, инклузивноста, спортот, културата итн. Забрзано работиме за наше европско, чисто, модерно, За наше Куманово. За подостоинствен и поквалитетен живот – порача Димитриевски.

Поврзани содржини