80 ГРАЃАНИ СЕ СРЕТНАЛЕ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕКУ „ОТВОРЕН КАБИНЕТ“ ВО ИЗМИНАТИОТ МЕСЕЦ Дел од барањата се решени, за други случаи се формирани комисии

122

Министерството за здравство соопшти дека во изминатиот месец 80 граѓани оствариле средба со министерот за здравство Азир Алиу преку платформата „Отворен кабинет“.

Досега е одговорено и постапено по 29% од поднесените барања, додека за дел од нив се потребни системски подобрувања, кои веќе се иницирани. За останатите случаи се формирани комисии со цел поефикасно решавање, се наведува во соопштението.






Министерот Алиу утре ќе престојува во Штип како дел од иницијативата „Мобилен кабинет“, при што ќе се сретне со граѓани во Клиничката болница – Штип од 12 до 14 часот.

За учество на овие средби, граѓаните треба претходно да се пријават преку платформата „Отворен кабинет“, која е достапна на веб-страницата на Министерството за здравство: https://zdravstvo.gov.mk/.

Поврзани содржини