80.000 ЕВРА ДРЖАВНИ ПАРИ Лани немало криза за фирмите на внукот на Ахмети

Две фирми на Дрин Ахмети добиле пари од Фондот за иновации и технолошки развој за кофинансирање на иновации, објави порталот МКД.

717

Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој е актуелен во јавноста откако стана сопственик на дел од деловниот центар Соравиа, пари добивал од Фондот за иновации и технолошки развој, објави порталот МКД.

На јавниот „конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој од 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети добија пари за кофинансирање на иновации.






„Тор индустрис“, фирма во сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра (1.989.998 денари) за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“.

На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, „Еверест ЏД“ добила 3.102.998 денари (50.000 евра) за проектот „Daтa management Efficiency System.

Поврзани содржини