Најмалку осум лица загинаа, а неколку други се повредени на фестивалот „Астроворлд“ во Хјустон, во американската сојзуна држава Тексас, соопштија локалните власти.
Противпожарната служба се појави со соопштение неколку часа откако беше пријавено дека на фестивалот има стампедо од луѓе.
„На лице место се забележани десетици амбулантни возила, здравствени работници и друг персонал“, јави локалниот огранок на Еј-Би-Си.
Според надлежните од противпожарната служба, врз најмалку две лица била извршена кардиопулмонална реанимација.