8 ДЕНА ПРИТВОР ЗА АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНИН Нападнал полицаец на преминот Блаце

Проверката на личните податоци во патната исправа на осомничениот покажала дека по лицето е распишана меѓународна потерница од Интерпол – Грција за сторени кривични дела „убиство, грабеж и кражби“.

608

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен државјанин на Република Албанија, осомничен за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, а Основниот кривичен суд Скопје му определен притвор во траење од 8 дена.

Како што информира ОЈО, вчера на граничниот премин Долно Блаце, осомничениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле проверка на патните исправи при влез во државава.






„Проверката на личните податоци во патната исправа на осомничениот покажала дека по лицето е распишана меѓународна потерница од Интерпол – Грција за сторени кривични дела „убиство, грабеж и кражби“. При спроведување, тој започнал да дава активен отпор и да се обидува да избега, удирајќи ги двајцата полициски службеници и нанесувајќи им телесни повреди. Двајцата полицајци го совладале и го привеле“, соопшти ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, а судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 8 дена за делото.

Поврзани содржини