НАСКОРО КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА КУМАНОВО И НА ЦЕНТАР На Мицкоски приоритет му е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, во тек се и преговорите со ЗНАМ и со Вреди
СДСМ има многу поважна работа од тоа да излегува со вакви пораки, прво треба самиот себе внатре да се консолидира, бидејќи се соочува со уште еден дебакл на уште едни избори кои ќе се случат набргу, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Прво ќе ја потврдиме внатрешната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со политичките партии, а потоа ќе продолжат разговорите и со коалициските владини партнерти, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање до каде се преговорите со владините партнери Вреди и ЗНАМ и кога може да се очекуваат кандидати за градоначалници на општините Центар и Куманово.
– Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии кои се дел од нашата внатрешна коалиција се наш приоритет, тие преговори се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена. Потоа ќе продолжат и преговорите со нашите коалициски владини партнери. Во овој момент се движат во одлична позитивна насока. Кога ќе имаме повеќе детали ќе излеземе во јавноста со информации – одговори Мицкоски.
На друго новинарско прашање, во врска со обвинувањата на СДСМ за квалитетот на новоизградената делница од автопатот Кичево-Охрид, Мицкоски рече дека не бе го коментирал СДСМ.
– СДСМ има многу поважна работа од тоа да излегува со вакви пораки, прво треба самиот себе внатре да се консолидира, бидејќи се соочува со уште еден дебакл на уште едни избори кои ќе се случат набргу – рече премиерот Христијан Мицкоски.