78-ГОДИШНА ЖЕНА ИЗМАМЕНА ЗА 2.000 ЕВРА Кумановка била жртва на лажен полицаец по наводна несреќа со нејзиниот син
Од СВР Куманово информираат дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани пет обиди за измама на истата основа во Куманово и еден обид во Кратово.
78-годишна кумановка била жртва на измама и останала без 2.000 евра по наводна сообраќајна несреќа.
Како што информираат од полицијата вчера околу 16.30 часот, во СВР Куманово пријавена е измама во која 78-годишна жена од Куманово била оштетена за сума од 2.000 евра. Според информациите од Секторот за внатрешни работи, измамникот се претставил како полициски службеник и ѝ соопштил на жената дека нејзиниот син и снаа се вмешани во сериозна сообраќајна несреќа, при што наводно прегазиле малолетно дете.
Во разговорот, измамникот ѝ изјавил дека за да не бидат гонети кривично, потребно е да плати одредена сума. Под влијание на стравот, жената ги оставила парите на предвиденото место, но кратко потоа сфатила дека била измамена.
Од СВР Куманово информираат дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани пет обиди за измама на истата основа во Куманово и еден обид во Кратово.