Франција планира да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, изјави денеска француската премиерка Елизабет Борн на радио станицата РТЛ.
– Тоа е важно јавно здравствено прашање – рече Борн, додавајќи дека Владата подготвува планови за национална програма за борба против потрошувачката на тутун, за која рече дека е одговорна за 75 илјади смртни случаи годишно во Франција.
Таа додаде дека тие уреди создаваат навики кај младите кои можат да доведат до зависност од тутун.
-Но, Владата нема намера следната година да го зголеми данокот на тутунските производи по годинешното зголемување – рече Борн.
Во 2021 година, францускиот претседател Емануел Макрон ги претстави плановите за ограничување на потрошувачката на тутун и алкохол, ветувајќи дека ќе обезбеди повеќе места за непушачи, а до 2030 година, тој сака да ги направи сите 20-годишни непушачи.