73.805 ДЕНАРИ Е ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА НА ПРОГРАМЕРИТЕ Државниот просек го подигнаа платите на научните работници кои пораснале за 14 отсто
Зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен имало и во секторите: „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 13,4 отсто и во „други услужни дејности“ од 12,6 отсто.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, се зголемила за 4,0 отсто и сега таа изнесува 28 642 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците реалната нето-плата се зголемила за 3,1 отсто.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „стручни, научни и технички дејности“ од 14,0 отсто, „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 13,4 отсто и „други услужни дејности“ од 12,6 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: „земјоделство, шумарство и рибарство“ од 5,5 отсто, „уметност, забава и рекреација“ од 3,6 отсто и „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 3,1 отсто.
Највисоки нето плати од 73.805 денари во август зеле компјутерските програмери.
На спротивната страна е најнизок просек на плата од 16.404 денари која е исплатена во „заштитните и истражните дејности“.
Малку повисок просек на плата од 16.442 денари е исплатена во кожарската индустрија. Во конфекциите, пaк, е исплатена просечна плата од 17.880 денари.