725 болни се лекуваат во ковид центрите во земјава

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 315 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

191

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 410 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информира Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 67 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 50 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 25  болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 16, Кавадарци 23, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.






Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 725 и има околу 600 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 315 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

– Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало  7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти – велат од МЗ.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 19 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.

Вкупно 315 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

 

Поврзани содржини