722 пациенти во ковид центрите за едно деноноќие
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.237 и има околу 670 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово 82 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 80 пациенти, во Прилеп 75, во ковид центарот во Гостивар 22, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 25, Кавадарци 37, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.