708 заразени и 33 починати, најмладиот има 39 години
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 341, Прилеп – 59, Куманово – 41, Велес – 37, Гостивар, Битола и Охрид – по 26, Кавадарци – 23, Тетово – 18, Штип – 17, Кочани – 16, Неготино и Дебар – по 11, Гевгелија – 10, Струмица – 9, Струга – 7, Свети Николе, Ресен и Виница – по 5, Македонска Каменица – 3, Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран – по 2, Радовиш, Делчево, Берово и Валандово – по 1.
„Регистрирани се 11 оздравени пациенти (ова не е целосната бројка на оздравени лица во изминатите 24 часа, поради апдејтирање на софтверот, вкупниот број на оздравени од изминатото деноноќие ќе биде прикажан во утрешната статистика) од: Тетово – 3, Скопје и Штип – по 2, Велес, Битола, Кочани и Пробиштип – по 1. Пријавени се вкупно 33 починати лица: 8 пациенти од Скопје (85, 82, 78, 76, 75, 74, 45 ,
Направени се 2.763 тестови преку: ИЈЗ-738, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-99, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-30, Жан Митрев (Филип Втори)-151, Авицена-356, Биотек-304, Систина-340, лабораторија Лаор–341, Синлаб-34, Ремедика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 281.
„Досега во земјата се направени вкупно 615.457 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907“, се вели во соопштението.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)