702 лица во изолација, 705 казнети за неносење маски

216

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија на 702 лица им се издадени решенија за изолација, а 210 лица потпишале изјави за самоизолација, информира МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека три лица не ја почитувале мерката за изолација, а едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.






Исто така по однос на мерката за неносење лична  заштита на лице регистрирани се  705  прекршоци.

 

Поврзани содржини