📽️ 70 ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО СРБИЈА Нападнати биле простории на владеjачката СНС?

Според директорот на српската полиција Драган Василевиќ симпатизерите на Српската напредна сранка само стоеле пред своите простории и се бранеле.

1,444

„Вистината е само една – некој дошол да нападне простории на Српската напредна партија“.

Вака за државната телевизија на Србија РТС рече директорот на полицијата Драган Васиљевиќ во врска со насилните протести во Врбас и во Бачка Паланка во кои е повредени 70 лица, од кои 16 полицајци, додека 52 граѓани побарале лекарска помош.






Според Василевиќ симпатизерите на СНС само стоеле пред своите простории и се бранеле.

 

Синоќа во Врбас и Бачка Паланка се собрале групи граѓани кои, според полицијата, имале очигледна намера да се судрат со поддржувачите на СНС. Во двата града пред партиските простории веќе имало стотици симпатизери на партијата.

– Мора да се каже дека симпатизерите на СНС не отишле никаде со намера да напаѓаат, туку само биле пред своите простории – истакна Васиљевиќ.

 

Полицијата привела повеќе лица, а состојбата се смирила утрото околу 6 часот. Инциденти имало и во Крагуевац, Ниш и во Белград.

Васиљевиќ објасни дека полицијата интервенирала за да ги потисне и раздвои двете групи.

 

– Беше потребно да се потиснат и симпатизерите на СНС и оние кои дошле да нападнат – рече директорот, нагласувајќи дека биле пријавени и обиди за напад во Белград, на Његошева улица. Тешко е да се најде мера и да се обезбеди да не дојде до судир во урбани средини, особено кога има и најавени настани од безбедносно значење, како спортски натпревари или посети на странски официјални лица.

Според него, полицијата се соочува со сè поголем број ненадејни собири без организатори, поради што нема со кого да преговара.

Поврзани содржини