70 КОНЦЕРТИ ЗА 70 ГОДИНИ „ПЕЛИСТЕРКА“ Северина ѝ испеа „Среќен роденден“ на компанијата

6,063

Со забава во Скопје на која настапи хрватската пејачка Северина, беше одбележан стартот на прославата за 70 години од постоењето на „Пелистерка“. Северина беше и остана заштитно лице на брендот изминатите години при експанзијата на овој македонски бренд регионално.

– Решивме оваа година да направиме заедничка прослава со сите граѓани. Овој македонски бренд покажа сила да издржи на притисоците на пазарот, да се прошири регионално и да ја задржи македонска вредност и автентичност. Денешното одбележување на 70 години говори за најголемиот степен на доверба од потрошувачите и покрај сите предизвици со кои се соочивме како компанија и покрај силната конкуренција. Сепак, со постојано вложување во модернизација, развој и стандардизација на квалитетот, успеавме да ја зголемиме конкурентната вредност на брендот, но и на компанијата и да правиме стратегии за понатамошно проширување – истакна Цветан Панделески, сопственик на „Пелистерка“ АД.






На прославата беше и премиерот Димитар Ковачевски со сопругата

„Пелистерка“ е позната по тоа што е единствената природно минерализирана изворска вода што има лековити елементи. Во изминативе 70 години ја следи континуиран развој и раст, што денес се рефлектира во палета од 12 категории пијалаци под брендот „Пелистерка“ од сегментот води и сокови.

Компанијата е еден од најголемите поддржувачи на спортски активности и промотор на спортската култура во земјава, посебно кај младите генерации.

Поврзани содржини