7 СУПЕРМАРКЕТИ ДОБИЈА КАЗНИ ОД 7.000 ЕВРА Ако го повторат прекршокот може да бидат затворени и година

Министерот за економија рече дека инспекторите  се на терен и ќе казнуваат, ако трговците продолжат да не ги почитуваат одлуките.

624

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека 7 супермаркети се казнети  бидејќи не ги почитувале владините мерки.

Тој рече дека инспекторите  се на терен и ќе казнуваат, ако трговците продолжат да не ги почитуваат одлуките.






– Во однос на прекршоците минатата недела ДПИ утврди неколку прекршоци во Скопје во неколку поголеми супермаркети кои се казнети. Се работи за 7 супермаркети кои согласно прекршоците се казнети со по 7.000 евра за непочитување на одлуките – рече Бектеши.

Имајќи го во предвид извештајот на ДПИ, Министерство за економија прати допис до Инспекторатот да го применуваат и да постапуваат и согласно Законот за потрошувачи.

-Таму е предвидено ако се повторат такви прекршоци инспекторите може да изречат и казна забрана за вршење на дејност и до 1 година за нечесни практики кои се прават во трговијата посебно кога има одлуки на Владата – рече Бектеши.

Поврзани содржини