7 ПАЦИЕНТИ СЕ ЗГРИЖЕНИ ВО КЛИНИКАТА ЖАН МИТРЕВ Тројца се во животна опасност, ќе бидат префрлени во странство
Нашиот медицински тим вложува максимални напори за стабилизација на тројцата пациенти и се очекува организирање трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување, соопшти Клиниката.
Во овие критични моменти, Клиниката Жан Митрев е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата во Кочани, соопшти Клиниката.
„Во моментов, кај нас се згрижени 7 пациенти, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува организирање трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување. Ги мобилизираме сите расположливи ресурси и остануваме посветени на борбата за секој живот. Нашите мисли и поддршка се со пациентите, нивните семејства и сите засегнати од оваа трагедија“, соопшти Клиниката Жан Митрев.