7 НЕШТА КОИ МОЖАТ ДА ВИ НАПРАВАТ ПРОБЛЕМ НА ГРАНИЦА Истечен пасош, различни податоци, согласност за патување на малолетник…

Пасошот кој е валиден, но истекува за три месеци се смета за неважечки во земјите на Европската Унија. Други земји како Турција бараат тој да не истекува за шест месеци, а понекогаш ова можат да ви го побараат и во туристичката агенција каде го резервирате летувањето. 

1,169

Пасошот ви важи, но ви истекува за три месеци. Патувате со малолетно дете, но немате потпишана согласност од старателот. Зелениот картон наеднаш ви го побараа за влез во Грција иако обично не го бараат кога има големи редици и службениците сакаат работата да врви побрзо.

Ова се седумте најчестите работи кои можат да би направат проблем на граница при одење на одмор во разни земји летово.






Пасош кој истекува за три месеци

Пасошот кој е валиден, но истекува за три месеци се смета за неважечки во земјите на Европската Унија. Други земји како Турција бараат тој да не истекува за шест месеци, а понекогаш ова можат да ви го побараат и во туристичката агенција каде го резервирате летувањето.

Податоците да бидат исто напишани во пасошот и во авионската карта

Исклучително е важно на патните исправи, како на пример во авионскиот билет, вашите лични податоци да бидат напишани токму на ист начин како што гласат во пасошот или во личната карта.

Некои земји бараат меѓународна возачка дозвола

За следните земји во Европа мора да поседувате валидна меѓународна возачка дозвола за да ја преминете границата: Италија, Шпанија, Белгија, Данска, Лихтенштајн, Монако, Норвешка, Германија, Франција, Холандија, Русија, Швајцарија и Шведска.

Зелен картон секаде освен во Русија, Белорусија и во Израел

Плусинфо веќе пишуваше дека зелениот картон се бара во земји во светот освен во Белорусија, Русија и Израел. Во однос на патничкото осигурување, препораките се дека секогаш е добро да го имате. Само дваесетина земји во светот меѓу кои и некои земји од регионот имаат договор за признавање на осигурувањето од македонскиот Фонд за здравство.

Согласност за патување на детето во странство

Согласноста од законскиот старател или старателите на малолетни лица кои патуваат со вас е задолжителна за излез од земјата и влез во странски земји.

Ваучер или доказ за сместувањето

Конечно, нема да можете да одите на патувањето доколку немате ваучер со себе како доказ дека сте резервирале сместување каде планирате да одите, бидејќи во некои случаи туристичките агенции тоа го бараат пред да заминете на патувањето.

За неколку земји ви треба писмо за покана од личноста со која патувате во странство, а за некои земји условот за влез на нивната територија е да имате доволно пари со вас, пресметани по ден на престој.

Казна или судска постапка

Можно е да бидете вратени од граница доколку се утврди дека имате неплатена парична казна или ако судот има издадено налог за вас.

Поврзани содржини