7 ЛИЦА ПОЧИНАА, НОВОЗАБОЛЕНИ СЕ 168 Во моментов 5.707 лица се заразени со вирусот

Регистрирани сe 275 оздравени лица, а во текот на изминатите 24 часа починале 7 лица: 4 починати лица се од Скопје (71г, 69г, 59г и 55г) и по едно починато лице од Велес (67г), Струмица (65г) и од Штип (77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

540

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.478 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19.

Регистрирани сe 275 оздравени лица, а во текот на изминатите 24 часа починале 7 лица: 4 починати лица се од Скопје (71г, 69г, 59г и 55г) и по едно починато лице од Велес (67г), Струмица (65г) и од Штип (77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.






Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.

Поврзани содржини