📽️ 7 ГОДИНИ НЕ ГО САНИРАТЕ СВЛЕЧИШТЕТО НА ПАТОТ КОН ЕУ Од ВМРО-ДПМНЕ со видео реагира за наносот кај Македонска Каменица

Се наоѓаме на магистралниот пат А3, Штип – Делчево. Ова позади нас е резултат на некадарноста и неспособноста на власта во заминување, предводена од ДУИ и нејзиниот момок СДСМ. Овој правец е единствениот кој што во овој регион нè поврзува со Европа, односно со нашиот источен сосед Република Бугарија, вели Гоце Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

615

Гоце Стоилковски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во видео-снимка реагираше за состојбата на свлечиштето на магистралнит пат Штип-Делчево, а ги обвини  СДСМ и ДУИ дека седум години не го санира овој проблем:






„Се наоѓаме на магистралниот пат А3, Штип – Делчево. Ова позади нас е резултат на некадарноста и неспособноста на власта во заминување, предводена од ДУИ и нејзиниот момок СДСМ. Овој правец е единствениот кој што во овој регион нè поврзува со Европа, односно со нашиот источен сосед Република Бугарија.

Оние кои што зборуваат секојдневно за европски вредности и за добрососедство, не се способни повеќе од 7 години ова свлечиште да го санираат. Доколку овој нанос би се зголемил и би бил од поголем обем, магистралниот пат повторно би бил затворен. Тоа би значело дополнитело време и дополнителни финансиски импликации на жителите од Македонска Каменица кон Кочани и останатите градови.

Никогаш не било полошо во Македонија! Време е за избор, хаос или ред. Важно е да ги поразиме. Овојпат, Македонија знае и ќе избере што е добро!“, вели Стоилковски.

 

Поврзани содржини